fbpx

Со забрзана динамика се работи на изградбата на новото училиште „Димитар Македонски“ во општина Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Соња Фортуманова од ОО СДСМ Аеродром

Почитувани граѓани,

Со забрзана динамика Општина Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин ги реализира капиталните инфраструктурни проекти во општината.

Деновиве интензивно се работи на изградба на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче и до Нова година се очекува да биде комплетно завршена една фаза.

Конечно, учениците од наредната година ќе можат да учат во целосно нов објект.

Новото училиште е со површина од 2.840 квадратни метри и со капацитет од 700 ученици, со организирана настава во две смени. Ќе биде опремено со најсовремени кабинети, простории за дневен престој, кујна и простории за наставниците.

Во изминатиот период ја реконструиравме и спортската сала во ова училиште.

Ова е уште една потврда дека и во услови на пандемија го решаваме долгогодишниот проблем со ова училиште и го исполнуваме дадениот збор пред граѓаните.

Продолжуваме посветено да градиме по план и да инвестираме во подобра иднина за сите граѓани.

 

Последни вести