Прес-конференција, Јована Тренчевска, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Денес, на светскиот ден на борба против сиромаштијата, со гордост можеме да кажеме дека Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку конкретни мерки и политики посветено работи на трајно извлекување од сиромаштија.
Меѓу првите мерки на Владата предводена од СДСМ во 2017 година беше зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 12.500 и нејзино израмнување во сите сектори, вклучувајќи ги и кожарската, текстилната и чевларската индустрија.
Денес, минималната плата изнесува 14.500 денари и е за 5.500 денари повисока во однос на 2017 година.
Преку социјалната реформа, социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и за прв пат како универзално право за сите домаќинства со ниски приходи се воведе детски и образовен додадок за еднаков старт за сите деца и за намалување на детската сиромаштија.
Нашата главна обврска е да излеземе во пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодени од сиромаштијата. И тоа не само преку парична помош, туку и со нивно вклучување на пазарот на труд. Само така вистински се прекинува кругот на сиромаштија од генерација во генерација.
Се грижиме и за возрасните. Воведовме државна социјална пензија од 6.000 денари за нашите сограѓани над 65 години кои не исполнуваат услови за стекнување на пензија.
Ветивме и го решивме статусот на стечајните работници. 12.000 стечајни работнции добиваат по 8.000 денари месечен надоместок до нивно пензионирање.
Низ годините, работевме и на намалување на трошоците за живот на нашите сограѓани. Ја укинавме радиодифузната такса, ја воведовме дневната евтина тарифа на струјата, а оние кои се исклучени, денес повеќе не плаќаат сметки за парно.
Помошта и поддршката за ранливите категории граѓани не застана ниту за време на коронакризата. Напротив, се презедоа навремени и ефикасни мерки за помош на оние на кои таа им беше најпотребна во време на криза.
309.000 наши сограѓани добија домашни платежни картички, преку третиот пакет економски мерки. Со четвртиот пакет, тој број ќе се зголеми за уште 283.000 граѓани.
Пензионери со пензии до 15.000 денари, самохрани родители и пасивни баратели на работа, наскоро ќе добијат домашни платежни картички од по 6.000 денари.
Значаен дел од борбата против сиромаштијата се социјалните услуги да бидат блиски до граѓаните. Обезбедивме различни видови услуги и функционални центри за поддршка, кои значат и подобар животен стандард за граѓаните.
Почитувани,
Како одговорна партија СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните. Носиме и спроведуваме мерки и политики кои имаат за цел искоренување на сиромаштијата.
Продолжуваме уште повеќе со вистинска грижа за да биде уште подобро за сите.