fbpx

Во борбата против коронавирусот клучни се граѓаните со совесно и одговорно почитување на мерките за заштита

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сериозното зголемување на бројот на инфицирани со коронавирусот во изминатите денови не донесе до раскрсница, до избор дали нашата држава ќе се претвори во ново Бергамо или сите заедно, со доследно и строго почитување на мерките за заштита и ковид протоколите ќе го зауздаме растот на новоинфицирани со вирусот, за кој се уште нема лек, ниту вакцина.

Се бориме со невидлив и подмолен непријател, кој им се заканува на сите, никој не е имун, а наше најдобро и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете.

Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот, со почитување на мерките за заштита ќе обезбедиме намалување на бројот на новоинфицирани со коронавирусот.

Почитувањето на мерките ќе ги намали притисокот врз здравствениот систем и врз лекарите, медицинските сестри и помошниот здравствен персонал, кои седум месеци пожртвувано ги лекуваат заболените, ќе го намали ризикот од преполнување на болниците.

Мерките предложени од Комисијата за заразни болести, кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од најмногу четворица гости, покрај членовите на семејството.

Владата предводена од СДСМ веќе им ги зголеми ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите.

За наредната недела се предложени нови мерки и тоа сите економски субјекти да не работат од 23 часот навечер до 5 часот изутрина, забрана за одржување на секакви настани и ограничување на капацитетот на патници во јавниот превоз.

Воведувањето на овие и нови уште порестриктивни мерки зависи од тоа колку ќе бидат граѓаните дисциплинирани во почитувањето на мерките за заштита и ковид протоколите.

Во борбата против коронавирусот клучно е совесното и одговорно однесување на грѓаните, клучно е дисциплинираното почитувањето на мерките – носење заштитна маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција.

Ова е заедничка броба, на сите граѓани и на сите институции, само заедно можеме да го победиме невидливиот непријател.

Последни вести