fbpx

Заев: Објавените разговори потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во бунило, ги промовираат демократските политики на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност- одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

 

 

 

Прашање: Каго ги коментирате вчера објавените телефонски разговори за којшто се тврди дека се слуша вашиот глас?
 
 
Одговор: Разговорите докажуваат дека  сум бил уверен дека граѓаните на нашата земја ќе поддржат демократски, а не режимски политики, токму тоа и го потврдуваат. Тоа се докажа на изборите, и на претседателските и на локалните избори .
 
 Денес волјата на народот на избори е неприкосновена, а не контролирана и штимана како што тоа беше во времето на  режимот или  груевизмот. 
 
Тоа дека граѓанските организации се многу поблиски до демократските политики за чив предводник се сметав во тоа време, тоа го докажуваат и самите разговори, отколку за режимските политики на Мицкоски и Груевски.
 
На таа тема, јас добро знам дека нема сила што може да ги контролира невладините организации и граѓанските активисти. Јас бев на седумнастиот ред кога беа сите маршеви и протести. Напред беа граѓанските организации.
 
По моето сфаќање профилацијата на карактерот на на наши граѓани коишто де граѓански активисти е специфична а тоа значи слободрска , неконтролирачка и секако апсолутно демократска и во тој дух самото тоа и го кажувам денеска и го потврдувам. 
Разговорот секако уште еднаш потврдува дeка бомбите се дадени до СЈО  и никаде освен на СЈО. 
 
Имаше шпекулација за таканаречениот Чауш којшто е член на Социјалдемократскиот сојуз, дека имал разговори, па дека тие се пуштале, таму се потврдува дека возможно е Чауш којшто е Албанец но и некој други да има допир, но од кога биле селектирани од кај мене бомбите дадени за преведување за да можат да бидат објавувани, да не заборавиме во тоа време и Никола Груевски и Али Ахмети беа власт, ние бевме опозиција и наша задача беше за сите владеачки партии тоа што  постои, инкриминација и  или индиции за одреден криминал да го објавиме и конечно таму слушате и моја јасна определба за рсчистување со криминалците и со криминалот, и не бегам од тоа , до ден денеска сум токму на такви стојалишта и ставови.
 
 Така да затоа дури и искоментирав во функција на тоа, дека тоа е афирмативно и на шега кажав дека нашиоt шeф на ПР, Ацко Поповски или Маријан Забрчанец во Владата,  којшто се први професионално насочени да ги афирмираат нашите политики за борба против криминалот, за заштита на граѓанскиот сектор и правата на граѓаните, за тоа дека принципиелно треба да се додржуваат секојпат работите заради самите разговори итн. 
 
Навистина мислам дека ваквиот разговор дефинитивно само уште еднаш покажува кој е карактерот на нашите политики и нашите ставови. 

Последни вести