fbpx

Ја унапредуваме патната инфраструктура во сите делови на опшитна Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Дарко Аврамовски од ОО СДСМ Аеродром

Почитувани граѓани,

Град Скопје и Општина Аеродром предводени од СДСМ и коалицијата во континуитет инвестираат во унапредувањето на сообраќајната инфраструктура во нашата општина.

Во моментов се наоѓаме на бул. Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче каде што Град Скопје во рекордно време ја заврши реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со бул. Февруарски поход до крстосницата со бул. Србија.

Извршена е целосна реконструкција на коловозот во двата правца со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и на сливниците во должина на трасата од 700 метри, а се работи за проект вреден околу 27,3 милиони денари.

Минатата година целосно беше реконструиран бул. Февруарски поход, а завршена е и изградбата на бул. АСНОМ на потегот од крстосницата со бул. Србија до крстосницата со ул. Васко Карангелески.

Интензивно се работи и на изградбата на мостот преку Вардар, кој ќе ја поврзува нашата општина со општините Центар и Гази Баба.

Општина Аеродром изгради и реконструиравме голем број улици во сите делови на општината: нови краци на улицата „Пандил Шишков“, нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз“, нова улица „Новопроектирана 3“ кај висококатниците, повеќе краци на улицата „Венијамин Мачуковски“ во Мичурин, улиците „Тодор Чангов 20“,„Тодор Чангов 41“ и „Ѓорги Капчев 9“, „Божин Николов – Силни“ во Горно Лисиче и улица „20“ во Долно Лисиче.

Продолжуваме интензивно да работиме на изградба на нова патна инфраструктура во сите делови на општината.

Градиме по план и инвестираме во иднината на нашите сограѓани.

Последни вести