fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги блокира мерките за заштита од коронавирусот, за нив не е важно здравјето на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

 

Почитувани граѓани,

Во време кога имаме нов бран на коронавирусот, кога и кај нас и во регионот се полнат болниците, кога расте бројот на заразени, ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш одмага, и прави се за да ги одолговлекува мерките важни за справување со пандемијата.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски или немаат став по важни прашања или кога го имаат тој е секогаш спротивен на интересите на државата и граѓаните.

Колку се неодговорни и несериозни покажуваат со тоа што побараа одлагање на точката за измена на Законот за заштита на населението од заразни болести за да се вметнат нивни предлози, и наместо тоа на крај да предложат сосема друго, формирање на паралелна Комисија за справување со КОВИД 19 па дури и формираа нивна комисија внатре во партијата.

ВМРО-ДПМНЕ едноставно не знае што прави, со вакво ВМРО-ДПМНЕ не може да се постигне договор за ништо.

Нивното барање за формирање на специјална Комисија која ќе се справува со коронавирусот е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија.

Наместо носење на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се важни за поголема заштита од коронавирусот ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски прават се за да го кочат процесот.

Тоа е опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните и здравствените работници.

Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.

Тоа нема да придонесе во поефикасна борба против коронавирусот, туку само дополнително ќе го усложни целиот процес.

Сите, а особено опозицијата треба да се насочат кон заштита на здравјето на граѓаните, а не кон политички игри.

Здравјето на граѓаните е најважно. Како народни претставници имаме обврска да работиме во интерес на граѓаните и заштита на јавното здравје.

Да бидеме одговорни и да ги донесеме измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Последни вести