fbpx

Заев: Став на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е избори по стабилизација на пандемијата, на средината на јуни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

Почитувани граѓани, почитувани претствници на медиумите,

Денеска одржавме заедничка средба јас и претседателите на партиите од коалицијата „Можеме“.

Ова е најголемата коалиција во земјата. Составена од различни политички партии, зад која застанаа сите етнички заедници во земјата и кои се обединети околу се она што е важно за граѓаните и за државата.

На овој состанок разговаравме за мерките коишто се преземаат за справување со коронавирусот и за заштита на здравјето на граѓаните, за економските мерки за помош на граѓаните и за повеќе актуелни политички прашања.

Заедничка оценка е дека нашата држава навремено и соодветно презеде мерки и дека добро се справува со коронавирусот. Благодарни сме на сите коишто дадоа и се уште даваат придонес во оваа борба со невидливиот непријател. Пред се тука се здравствените работници и сите здравствени институции, Вие новинарите и медиумските работници, полицијата и сите други којшто беа во служба односно целосно посветени во својата професија за да може да  бидат од помош во справување со корона вирусот.

Секако не треба опуштуање и затоа заеднички апел е да граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат сите препораки од надлежните здравствени институции.

Низ плодна дискусија и конструктивна дебата, заеднички заклучивме дека на државата и се потребни избори веднаш,штом  во првиот момент штом се создадат услови за нивно одржување.

Доколку продолжи да се намалува бројот на заразени и кризата е целосно под контрола тоа е најдобро од здравствен, од економски  и од демоктратски аспект.

 

Во ситуација кога пикот на коронавирусот е поминат, кога интензитетот се намалува, треба да се одржат изборите затоа што во такви услови нема никаков ризик по здравјето на граѓаните. Особено имајќи предвид дека наесен се очекува нов бран од вирусот и би било неодговорно да се загрозува здравјето на граѓаните. Дајбоже да не се повтори кризата, но ако се повтори навистина ќе останеме надвор од било какви уставни можности.

Дополнително тоа би дало секако шанса на државата, со избрана политичка Влада и Собрание со полн легитимитет подобро да се подготви за новиот бран наесен доколку го има и економски подобро секако да се справи со последиците.

На државата, граѓаните им се потребни кредибилни и функционални институции со полн легитимитет кои капацитетите ќе ги вложат во мерки и политики во интерес на граѓаните.

Северна Македонија веќе два месеци е во вонредна состојба, повеќе од 4 месеци е со техничка влада и скоро  три месеци е со распуштено Собрание.

Кризата со коронавирусот остава сериозни последици врз економијата и затоа потребни се Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземаат конкретни чекори во надминување на економската криза.

Со тоа, уште повеќе се наметнува потребата од одржување на парламентарните избори, секако штом надлежните, здравствени власти тоа го одобрат.

Заеднички став на партиите во  нашата коалицијата е да се искористи моментот на ослабување на коронавирусот и стабилизација на пандемијата и да се оди на гласање, на средината на месец јуни.

Охрабрува тоа што мисијата на ОДИХР најавува дека може да се организира и да прати набљудувачи. Тука е регионалниот контекст, неслучајно и други држави одат на избори во овој период.

 

Оваа коалиција е фаворит на изборите, кога и да се случат, но сега е одговорно, државнички, да се излезе пред граѓаните и да се соопшти кој период е најдобро да се одржат.

Ова се дел од ставовите и аргументите со коишто јас како претставник на коалицијата ќе ги предочам на средбата кај претседателот Пендаровски во вторник.

Очекувам да дефинираме датум за одржување на изборите, кој според нас е добро да биде во средината на јуни и да зборуваме за начинот на водење на кампањата. Очекувам дека ќе постигнеме консензус сите заедно и здраворазумски и одговорно  ќе ги донесеме одлуките.

Се надевам и ги повикувам и претставниците и на другите партии да се водат од одговорноста, да се водат од државните интереси.

Последни вести