Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
Почитувани,
Јавноста ја дозна вистината, потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за случајот познат како „Рекет“ кој очигледно води директно до белиот дворец.
Објавени снимки потврдија дека Христијан Мицкоски имал средби и директна соработка со веќе осудениот Зоран Милески Кичеец.
Еден ден по објавувањето на вистината Мицкоски се уште се нема појавено во истржниот затвор „Скопје“ популарно наречен Шутка.
Иако, Мицкоски јавно, во едно интервју рече дека сам ќе се пријавел во затворот Шутка ако се објави доказ дека тој имал нешто со Кичеец.
Додека размислува за сопственото пријавување Мицкоски треба да одговори:
Што сакаше да сокрие Мицкоски со неговите лаги?
Дали сакаше да ја сокрие поврзаноста со Кичеец и Орце Камчев?
Или можеби поврзаноста со случајот „Рекет“?
Дали на оваа средба од која искочија неколку снимки се разговарало и за други задачи кои требало да ги изврши Зоран Милески – Кичеец?
Очекуваме дека Мицкоски ќе одговори на сите овие прашања.
Ви благодарам.