fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прават се за да го поткопаат здравствениот систем, нивното дејствување е опасно по јавното здравје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО ДПМНЕ

Очајното и безидејно ВМРО-ДПМНЕ по навика злоупотребува сериозна здравствена ситуација за дневнополитичко профитирање.

Цело лето, ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот кадар во преодната Влада, Гордана Димитриеска Кочовска го кочеше заемот од Светска банка од 90 милиони, пари за опремување на болниците. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран.

Цела есен, во време на сериозен бран, раководството на ВМРО-ДПМНЕ организира масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

Колку на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им е битно здравјето на граѓаните говори фактот што бараа предвремените избори да се одржат есенва, колку навистина се загрижени за коронавирусот, говори фактот што во Собранието ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести кои се потребни за зголемување на превенцијата од коронавирусот.

Освен деструкција, лажни вести и дејствување спротивно на интересите и здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат за ништо друго. Затоа уште долго ќе останат во опозиција.

Последни вести