fbpx

Разликата е огромна: СДСМ изгради 103 километри гасоводна мрежа, а ВМРО-ДПМНЕ само 35 километри за 10 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Само во 2019 година СДСМ изгради 103 километри гасоводна мрежа!

За време на ВМРО ДПМНЕ, во периодот од 2014 до 2016 година, беа изградени едвај 35 километри.

ВМРО-ДПМНЕ во буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2017 година заборавиле да одвојат средства за експропријација за гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар.

Просечната цена на километар гасовод, што го правеше, ВМРО-ДПМНЕ изнесува 1.150.000 евра.

Просечната цена на километар гасовод, што го гради СДСМ изнесува 450.000 евра.

Гасоводната мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар долга 86 километри е веќе 65 отсто реализирана, благодарение на Владата предводена од СДСМ.

За вториот магистрален гасовод од Неготино, кон Прилеп и Битола долг 92 километри, треба да се реализираат уште само 8%, што е исто така резултат на политиките на СДСМ.

Откако двете примарни гасоводни мрежи ќе завршат најдоцна до втората половина на следната година, ќе следува процес на поврзување на општините.

Досега инвестиравме 65 милиони евра за гасоводната мрежа, од кои 29 милиони за делницата кон Тетово и Гостивар и 36 милиони евра за магистралниот гасовод кон Битола.

Следни чекори ќе бидат на кракот кон Кичево да се надоврзе и кракот кон Охрид, а исто така со крак да се поврзе и Велес.

СДСМ продолжува и понатаму со силна динамика да инвестираме во капитални проекти, во интерес на граѓаните и на стопанството.

Губитникот Мицкоски може да учи за енергетика!

Последни вести