fbpx

Ги намаливме судските такси до 8 пати, правдата станува подостапна за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ

 

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Правда за сите е една од темелните вредности од кои се води Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Нашата посветеност во олеснување до пристапот до правда ја преточуваме во реални мерки и политики.

На сила стапија измените на Законот за судски такси, со кои граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите.

Со овие измени, судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега граѓаните нема да платат повеќе од 6.000 денари.

Отсега, трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до максимални 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот. Тоа е намалува за осум пати.

Со ова, правдата станува подостапна за сите, имајќи предвид дека претходни судските такси беа превисоки што често беше причина граѓаните да се откажат од барање правда поради високи финансиски трошоци.

Почитувани,

Како одговорна партија продолжуваме да работиме на градење фер, праведно и правично општество за сите. И во периодот што следува продолжуваме да работиме на остварување на тоа што го ветивме пред граѓаните – правда достапна за секого и правна држава во која сите се еднакви пред законите.

 

Последни вести