Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Македонците и државата не изгубија ништо во овие три години, Христијан Мицкоски е тој што постојано губи од граѓаните на избори.
Северна Македонија во овие три години само добива – добивме слобода, добивме пријател со Грција, добивме членство во НАТО и Влада која што ги почитува сите заедници. Граѓаните добија повисоки плати, нови работни места и поквалитетен живот.
Додека Мицкоски губеше на избори, државата, граѓаните добија потврда и заштита на идентитетот.
Кога граѓаните добиваат – Мицкоски губи. Затоа уште долго ќе биде опозиција.