Соопштение за јавност
Ви честитам што во вонредни околности, штитејќи го здравјето, успеавте да организирате ваков настан, изборна конференција, со помош на современите алатки и дигитални платформи, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото делување и драго ми е што и СДММ ги следи и ги практикува, истакна генералниот секретар Љупчо Николовски во неговото обраќање на 23. Изборна конференција на СДММ.
Николовски посочи дека СДММ е модерна, силна, европска и динамична организација која е целосно вградена во успесите на државата и повика младите да продолжат по вистинскиот пат.
„Уште позасилено треба да продолжиме. Создаваме една нова, модерна генерација млади македонски политичари на кои чесноста, одговорноста, интересот на граѓаните и моралните вредности им се суштинска карактеристика. Вие сте моторот на СДСМ, гласни и одлучни секогаш кога треба и ве охрабрувам така и да продолжите. Познавајќи го кандидатот за следен претседател, нашиот Марко, немам дилема дека така и ќе биде. Дека ќе продолжите уште повеќе посветено, силно и одлучно да работите во интерес на вашите врсници но и на сите граѓани. Марко го знаеме сите и од искуството што го имав јас со него можам да кажам дека верувам многу во неговиот избор. Очекувам да биде нова позитивна промена за СДММ но и за СДСМ. Убеден сум дека Марко и неговиот тим ќе успеат да го задржат континуитетот на успешната работа, но и ќе внесат свежина во младинското делување и младинскиот активизам“, порача Николовски.
СДСМ, додаде Николовски, постојано се менува но СДСМ и се грижи за младите, ги вклучува во реализација на успешни младински политики и впрочем затоа ја имаме поддршката од граѓаните, од младите.
„СДСМ нуди нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Тоа е модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места. СДСМ обезбедува шанса за сите, а особено за младите, заклучи Николовски.