fbpx

Се решава проблемот со неисчистениот канален систем во Стар Караорман, потребите на граѓаните се наш приоритет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип

 

Почитувани граѓани и претставници на медиумитe,

Се наоѓаме на потегот каде поминува каналниот систем за наводнување преку кој се дистрибуира вода до 560 хектари земјоделско земјиште во атарот на Стар Караорман и Карбинци кои преставуваат сновен извор на егзистенција за жителите од овој крај.

На последната средба што како пратеник од третата изборна единица ја имав со жителите од Стар Караорман, беше побарано решавање на деценискиот проблемот со неичистениот канален ситем .

Иницирав средба со локалните власти и надлежни институции на која побарав решавање на овој проблем. Ја утврдивме динамиката со која овој проблем може да биде решен и се зафативме за работа. Машините се веќе на терен и работит на расчистување на овој канален ситем кој со години наназад беше запуштен и преставуваше проблем за жителите.

Ова е мала, но значајна активност која покажува дека барањата на граѓаните се приоритет за нас. Гласот на граѓаните секогаш ќе биде слушнат и ќе биде патоказ за секоја наша активност.

Еден од моите приоритети како иден градоначалник на Штип е намалување на разликите кои постојат помеѓу урбаните и руралните срединини.

Предвидуваме изградба на рекреативна пешачка патека од населбата Караорман до населбата Баби. На овој начин ќе биде гарантирана безбедноста на пешаците но штипјани ќе добијат и нови содржини за рекреација. Жителите на Караорман ќе добијат и нови паркови површини збогатени со содржини за најмалите.

Продолжуваме да работиме на подобрување на инфраструктирата во ова населено место.

Визијата за Штип како модерен, европски и безбеден град започнавме да ја и градиме пред три години, а сега имаме шанса заеднички да ја продолжиме .

Солидарноста, професионалноста и работа во интерес на сите граѓани е мое мото, моја заклетва пред вас. Штип заслужува да е Во сигурни раце!

Последни вести