fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е изолирана партија во стечај, затоа граѓаните не им дозволуваат да ја водат државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓанки и граѓани,

Белата палата зад мене е седиште на партија во стечај која тоне во долгови.

Недомаќинското и расипничко работење на оваа партија доведе до блокирани сметки и замрзнат имот.

Извршителите тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотивите на поранешното криминално раководство на оваа партија.

Луксузот во овој бел дворец завршува како и секое криминално луксузирање.

Почитувани граѓани,

Во времето кога оваа партија 11 години се богатеше и се расфрлаше со државните пари, граѓаните беа соочени со сиромаштија и борба за опстанок.

Раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски покажува неспособност за менаџирање на сопствените средства.

И денес, без срам и перде овие расипници и недомаќини се уште имаат амбиции да ја водат државата и да располагаат со државниот буџет.

Но покрај таквите амбиции, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор и на прашањето каде се парите? Дали и во чии џебови завршиле? Особено што политичките партии добиваат и буџетски средства, пари од државата како помош во работата.

Оваа партија која важеше за најбогата партија во Европа, денес тоне во долгови, затоа што Мицкоски е неспособен.

Граѓаните веќе го препознаваат расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и затоа губат на избори и ќе останат длабоко во опозиција.

 

Последни вести