fbpx

Спасовски во Штип: Со Николов Штип останува во сигурни раце, на 13 декември граѓаните ќе изберат да продолжат успесите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски попладнево беше на средба со граѓани на општина Штип, каде пред пристуните порача декa Штип заслужува да има градоначалник со полн легитимитет и со мандат даден од граѓаните.

„Три години Штип чекори по исправниот пат, по патот на напредокот и развојот. Со Сашко Николов Штип ќе го продолжи тој пат, носејќи го Штип рамо до рамо со европските градови. Со Николов како градоначалник ќе продолжи одговорната работа и реализацијата на проекти во интерес на граѓаните, порача Спасовски.

Потпретседателот Спасовски ја поздрави посветеноста на Николов во борбата против коронвирусот и ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да дадат поддршка и да гласаат за број два, за Штип да остане во сигурни раце.

„За поздравување е иницијативата на Сашко Николов за обезбедување бесплатни заштитни маски за сите граѓани додека трае Ковид кризата.Отварање на доброволен фонд за оваа намена ќе им помогне на штипјани уште поревносно да ги почитуваат заштитните мерки. На 13ти гласајте за бројот 2, гласајте за Штип да остане во сигурни раце“ повика Спасовски.

Последни вести