Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани граѓанки и граѓани,
Секојдневно се потврдуваат лажните вести на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Единственото нешто за што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се познати, дома и во светот, се пласирањето на лажни вести, блокирање, поткопување на борбата со коронакризата и опструирање на фунцкионалноста на институциите.
Меѓународни студии потврдија дека Мицкоски и неговата партија се извор на лажни вести и невистини.
ВМРО-ДПМНЕ осмислуваше лажни хистерии за тоа дека масовно ќе се населуваат мигранти, шират несвистини за ковид пандемијата, од тоа дека немало доволно тестови па се до тоа дека нема доволна опрема и здраствени работиници.
Ширеа и шират лажни вести и за тоа дека се распродава македонскиот идентитет и дека земјата се распарчува.
Ова почитувани граѓани е срмно и неодговорно однесување кон сопствениот народ.
Мицкоски јавно призна дека „останува единствен на браникот на криминалот“.
Почитувани,
Мицкоски е веќе разболичен, во ВМРО-ДПМНЕ остануваат само лагите, лажните вести и делувањето против интересите на граѓаните.
Ниту македонскиот идентитет е распродаден, ниту земјава е распрачена.
Граѓаните одамна го увидоа лицемерието на Мицкоски и затоа губи и не му ја даваат довербата.
Со ваквото неодговорно однесување, штетно по државата и граѓаните, Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат во опозиција и уште многу долго таму ќе останат.