Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ
Почитувани,
СДСМ преку инситуциите што ги предводи е посветена на бескомпромисна борба против криминалот, но и превенција и санкционирање на прекшрувањата на законите.
Посветеноста на Министерството за внатрешни работи за зголемување на безбедноста во сообраќајот дава одлични резултати.
Статистичките податоци за 2020 година, споредени со оние од 2019 покажуваат силен пад на бројот на сообраќајни незгоди.
Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 има намалување за 21 отсто на сообрајаќни несреќи. За 75 отсто е намален бројот на загинати пешаци. Сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за 47 отсто, додека за 26 отсто е намален бројот на лица загинати во сообраќајни незгоди.
Овој пад на црната статистика, се должи на континуираните контроли и неселективното казнување што го прави полицијата на Северна Македонија.
Како одговорна партија продолжуваме да градиме силни, ефикасни и професионални иснитуции кои ги спроведуваат законите насекаде и неселктивно.
Остануваме посветени на обезбедување ред, правда и дисциплина на секое ниво.