fbpx

Изградивме систем што работи за граѓаните, државата е тука за сите кои се погодени од кризата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

 

 

Почитувани граѓани,

Нашата држава влегува во фаза која според експертите е оценета како критична, но и клучна фаза во борбата против коронавирусот.

Пред нас е клучен период во кој се очекува пикот на ширење на вирусот и затоа токму сега е потребна уште поголема одговорност од сите нас. Потребна е максимална посветеност во заштита на нашето здравје и целосно почитување на мерките и задолженијата од институциите.

Владата донесе засилени мерки кои на сила стапуваат веќе од денеска. Забраната за движење започнува од 16 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден, додека за време на викенди ќе постои целосна забрана за движење.

Движењето во групи на јавни места и јавни површини не смее да биде повеќе од двајца.

Покрај ова, секако мораме да продолжиме и со досегашната пракса на социјална дистанца и зголемена лична хигиена.

Преку целосно почитување на мерките за заштита, даваме личен придонес во спречување на ширењето на коронавирусот.

Почитувани,

Додека се бориме со здравствените предизвици, истовремено се справуваме и со негативните економски последици од коронавирусот.

Пакетот економски мерки обезбедува првична помош од 200 милиони евра помош која опфаќ 250.000 вработени и 35.000 компании.

Државата дава 14.500 денари плата за секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, затоа што секој работник е важен.

За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите.

Паралелно се кратат непродуктивните трошоци, се намалуваат платите на избраните и именувани функционери и директорите, а членовите во советите на општините и членовите на надзорните и управните одбори нема да земаат надоместок додека трае кризата.

Почитувани,

Со мерките и политиките што ги спроведовме во изминатите две и пол години создадовме систем кој работи за граѓаните. Сите кои сте погодени од кризата имајте предвид дека државата е тука за вас и таа ќе ви помогне.

Нема да дозволиме некој да остане без приход, во духот на солидарноста помагаме за сите подеднакво.

Почитувани граѓани,

Само со заеднички сили, со заеднички придонес од сите ќе ја добиеме оваа борба против последиците од коронавирусот.

Затоа, да продолжиме одговорно и посветено да се грижиме за нашето здравје и меѓусебно да си помагаме.  

Последни вести