fbpx

Во оваа предложена форма СДСМ не ги поддржува измените на Законот за државјанство, имаме забелешки за кои ќе разговараме со пратеничките групи и ќе поднесеме амандмани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во оваа предложена форма СДСМ не ги поддржува измените на Законот за државјанство, поднесени од пратеници на Алијасна и Алтернатива.

На предлог текстот СДСМ има сериозни забелешки.

За измените на текстот на Законот, ќе разговараме со предлагачот и со другите пратенички групи и тие измени ќе ги направиме по пат на амандмани, а целта ќе биде обезбедување поширок консензус за да се дојде до соодветно решение.
Измените на текстот на Законот за државјанство влегуваат во скратена процедура во Собранието бидејќи се работи за долгогодишен проблем за државата.

Корекциите кои што ќе ги побараме ќе бидат во насока на почитување на меѓународните стандарди за решавање на вакви проблеми. Решението треба да биде системско и одржливо за да не дојдеме во ситуација со решавање на ова прашање да отвораме други прашања.

СДСМ останува посветена на креирање и спроведување законски решенија што го олеснуваат и подобруваат секојдневниот живот на сите граѓани.

Последни вести