fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што Скопје се развива па затоа секојдневно шири лажни вести за Шилегов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски

 

ВМРО-ДПМНЕ упорно шири лажни вести и невистини за Петре Шилегов затоа што не може да се помири со фактот дека три години Скопје се развива, прераснува во модерен, отворен европски град.

Вистина е дека ниту еден денар од градската каса не влегол во адвокатското друштво на скопскиот градоначалник и тоа нема да го промени ниту една лага од белиот дворец.

За ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни интересите на Град Скопје, интересите на скопјани, за ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш бил важен само личниот и партиски интерес.

Затоа го опустошија Скопје, затоа, во време на нивното режимско владеење потрошија 600 милиони евра, пари на граѓаните, во центарот на Скопје за споменици, лажен барок, палми, лавови и жални врби, додека илјадници граѓани на Скопје живееја без водовод и канализации.

Од град со зеленило, дрвја и паркови, ВМРО-ДПМНЕ го претвори Скопје во загаден град, заради бизнис и лични интереси.

ВМРО-ДПМНЕ може само да учи од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, како изгледа вистинска грижа за градот Скопје и неговите жители.

Последни вести