Одговори на новинарски прашања, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалиција
Прашање1: Споменавте кворум, во таа смисла и синоќа ви беше тенко мнозинството, што ќе правите со Законот за надворешни работи, затоа што се најавени 300 амандмани како планирате да го обезбедите законско решение?
Одговор1: Сношти го донесовме буџетот со 62 гласа за и беа присутни буквално сите пратеници од опозицијата, но мислејќи ВМРО-ДПМНЕ дека немаме кворум пребројувајќи ги пратениците нонстоп во салата во еден момент ја напуштија со намера да нема мнозинство и да не биде донесен буџетот. Тие вчера пробаа да ја уценат државата без донесен буџет. Но пратениците беа тука, влегоа во сала и со 62 гласа го изгласавме буџетот за 2021 година. Во однос на прашањето на Законот за надворешни работи вчера имавме изјава и кажав, сега ќе ја повторам, прво станува збор за амбасадори кој што во минатото во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ дури и кога министер за надворешни работи бил сегашниот претседател на Комисијата за надворешни работи во Собранието, биле праќани амбасадори со двојни државјанства. Дури биле праќани амбасадори со двојни државјанства во земјите каде што имаат двојно државјанство и тоа претседателот на Комисијата многу добро го знае. Со овој закон имавме намера да направиме исклучок, тие што имаат двојни државјанства да не бидат амбасадори во земјите каде што им е двојното државјанство и како впрочем се што блокираат во Собранието, го блокираа и овој закон. Уште една работа која што исто така сакм да ја потенцирам е дека овој ист текст, буквално ист до точка и до запирка, беше пуштен во процедура и во минатиот состав, минатата годинаи тогаш беше истиот претседател на Комисијата за надворешни работи, тогаш немаше блокада и не беше поднесен ниту еден амандман но не беше донесен затоа што се распушти Собранието. Сега кога го пуштаме пак во процедура најавуваат и се што прават во Собранието е само блокада, сопки и уцени во работата на Собранието. Ние донесовме одлука како потписници на тој закон, ќе го повлечеме од процедура, денес веќе го повлековме од процедура, така да им паѓаат во вода сите намери кои што ги имаат во план да ги направат во Собранието и за жал, нивна жал ние нема да дозволиме во Собранието да прават театар што е во корист на внатрепартиската битка во ВМРО-ДПМНЕ, внатрепартиските битки нека ги решаваат во партиските седишта а не во Собранието.
Прашање2: ВМРО најави дека со амандмани ќе го блокира Законот за државјанство. Дали вие ќе предложите нов законски текст, затоа што со блокадата нема да може да се усвои текстот предложен од Алтернатива-Алијанса?
Одговор2: Станува збор за Закон кој што помина во скратена постапка бидејќи станува збор за долгогодишен проблем во државата. Ние како текст, таков каков што е предложен,како пратеници од СДСМ и од мнозинството сме против, не го поддржуваме тој текст. Ние сакаме со амандмани да влијаеме на текстот но исто така да обезбедиме широк консензус од сите пратенички групи затоа што станува збор за долгогодишен проблем на државата. Треба да се обезбеди поширок консензус, треба да се испочитуваат меѓународните стандарди за решавање на вакви проблеми и кога сето тоа ќе биде склопено во еден текст, кога ќе го обезбедиме консензусот тогаш може да ја продолжиме постапката на носење на тој закон или пак на нов закон кој што исто така ќе биде договорен на ниво на пратенички групи.