fbpx

Следува засилена реализација на капитални инвестиции во инфраструктурата, за уште поголем економски раст

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Кавески, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку „Акција 21“ во оваа година целосно се посветува на развој и унапредување на инфраструктурата.

Во таа насока е и Буџетот на Министерството за транспорт и врски каде 83 отсто од него се наменети за капитални проекти, што треба да обезбеди силна реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификација, железничка, патна и комуналната инфраструктура како и за изградба на социјални станови.

Во овој период 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава.

За оваа 2021 година, обезбедивме 937 милиони денари за изградба и реконструкција на канализациски и водоводни мрежи во општините, 615 милиони денари за изградба и санација на локални улици и патишта во општините, а со 35 милиони евра, средства добиени преку пренамена од ТАВ, ќе се финансираат 99 локални проекти во 75 општини.

Процесот на гасификација се реализира со одлично темпо. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен и кон Тетово и Гостивар.

Инвестираме и во обезбедување домови за граѓаните од ранливите категории. Преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор, започна изградба на две нови социјални згради во Демир Капија со 16 станови и Гевгелија со 52 станови, а набрзо се очекува започнување на нова зграда и во Велес со 29 станови. Вкупно, во овој момент се градат вкупно 576 социјални станови низ целата држава.

Почитувани,

Ова се само дел од начините преку кои реализираме капитални инвестиции и влијаеме на економскиот раст во државата.

Токму инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти се гарант за рестарт на македонската економија, но и гарант за поквалитетен живот за сите.

Остануваме посветени на креирање и реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните и на државата.

Последни вести