fbpx

Драган Ковачки да каже дали ќе биде војник на Армијата или војник на партијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Драган Ковачки продолжува да ја срами униформата. Помина цела кариера во Армијата, за на крај да заврши како приврзок на партијата која не направи ништо за Армијата и за членството на нашата држава во НАТО.

Го повикуваме Ковачки, да се одлучи и да и соопшти на јавноста: Дали ќе биде војник на партијата или ќе биде војник на Армијата?

Старата поговорка вели: две лубеници во една рака не се носат. Оваа поговорка најмногу важи за лицето Драган Ковачки кој очигледно ја отфрли униформата на Армијата и ја облече партиската униформа.

Полковнику Ковачки, решете се и соопштете и на јавноста: дали сте војник на Армијата или сте војник на партијата?

Дали Ковачки ќе продолжи да манипулира со јавноста?

Од една страна вели дека во јавноста настапува како претставник на ВМРО-ДПМНЕ а не како лице од Армијата, од друга страна манипулира со теми кои се внатрешно прашање на Армијата и на безбедноста.

Последни вести