fbpx

Калеска-Ванчева: ВМРО ДПМНЕ манипулира со вистината, знаат само за бојкот, нерезидентните жители нема да влезат во попис на резидентно население

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Обидите да се политизира процесот на попишување, нема да поминат , кажа пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева во гостувањето на Телевизија 24.

Пратеничката Калеска Ванчева кажа дека граѓаните кои живеат надвор од државата 12 месеци, ќе бидат попишани посебно и нема да влезат во пописот на резидентно население.

„Се попишува и имотот, недвижноста, фирми станови. Сакам да кажам дека граѓаните ќе бидат на посебна листа и нема да влезат во попис на резидентно население. Но, ние ќе знаеме колку имот имаат тука, структурата, од каде потекнуваат тие.”, рече Калеска Ванчева.

Обидите да се калкулира со проценти за етничка припадност , се непотребни, рече Канческа Ванчева и објасни дека Охридскиот рамковен договор е политички и има друга димензија, а пописот е статистичка операција и има сосема друга функција.

„Не може да се гледа тука процентот и дали ќе отвараме процеси. На кого му одговара да отвораме прашања кои свесно сме ги затвориле со Охридскиот Договор и со градење на едно општество. Нема резултати овде, ова не се избори”, објасни Калеска Ванчева.

„ВМРО ДПМНЕ се научени да бојкотираат, бојкотираа референдум, избори во Штип, Буџет, сега сакаат да го бојкотираат пописот”, рече пратеничката Канческа Ванчева и додаде дека доколку ВМРО ДПМНЕ ако навистина биле искрени дека се грижат за граѓаните и дека поддржуваат попис, тогаш можеле да предложат Закон, зад којшто ќе се потпише цела пратеничка група.

„Во таков случај, не знам кој претседател на Собрание нема да го стави тоа на дневен ред”, рече Калеска Ванчева.

Последни вести