fbpx

6,1 милион евра се враќаат кај граѓаните преку МојДДВ грижата за сите продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ и институциите што ги предводи и во услови на сериозна здравствена и економска криза продолжува со реализација на економските политики, со кои повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Расте просечната плата, растат пензиите, економијата е жива и динамична, а проектот Мој ДДВ обезбедува дополнителен прилив на средства во секое семејство и зајакнување на домашната потрошувачка.

Според официјалните податоци, за последниот квартал од 2020 година кон граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе бидат вратени над 382 милиони денари, односно околу 6,1 милион евра.

СДСМ продолжува со креирање и реализација на ефикасни и навремени економски политики, кои не само што обезбедуваат повеќе пари во секое домаќинство, туку создаваат услови за рестарт на македонската економија и брзо враќање на претходните стапки на економски раст.

Последни вести