Соопштение за јавност
СДСМ е одговорна и државотворна партија која поставува нови стандарди, носи нова вредност во политичкото дејствување.
Паралелно со промените и реформите што СДСМ ги реализира во државата, за подобрување на животот на граѓаните, тече процесот за подобрувања, промени и модернизација во партијата.
Ажурирањето и активната регистрација на членството на СДСМ тече одлично ширум државата, а го спроведуваат 1.563 тимови од месните одбори од 74 општински комисии.
Во првите десет дена откако започна оваа внатрепартиска постапка своето членство го ажурирале над 20.000 членови на СДСМ.
Овој важен процес носи поголема демократизација на СДСМ и ќе финишира на 21 март со првите непосредни, демократски и внатрепартиски избори на кои ќе се избира новиот претседател на партијата.
Тоа e врв на внатрепартиска демократија и тоа за прв пат во нашата земја ќе го направи СДСМ.
Додека трае процесот на ажурирање, партијата е отворена и за нови членови, што значи ја задржуваме отвореноста којашто беше присутна и досега.
Затоа ги повикуваме граѓаните, можат и онлајн да се пријават на нашата веб страна за да пристапат кон СДСМ.
СДСМ е партија што победува, ја ужива довербата од граѓаните но и постојано се менува, модернизира, подобрува, за уште подобро да им служи на граѓаните.