fbpx

Тоа што се случува во ВМРО ДПМНЕ е нивни внатрешен проблем, останува фактот дека се заробена режимска партија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Прашање: Постои ли шанса Заев да биде сменет на престојниот Конгрес, имајќи го предвид незадоволството внатре во партијата?

Одговор: Она што е актуелно во овој период, тоа е дека на повидок е Конгрес во ВМРО-ДПМНЕ сите оние случувања што се случуваат во нивните редови нас како политичка партија не не интересираат, но она што е факт во овој момент е тоа дека ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во режимската матрица на нивниот духовен водач бегалецот Никола Груевски. За разлика од нив, СДСМ е прогресивна политичка партија која шест пати по ред победува на избори ја добива довербата од страна на граѓаните и е партија пионер, прва политичка партија во државата којашто на еден врвен демократски начин во март месец ќе организира непосредни избори на коишто ќе биде избран новиот претседател на СДСМ. Она што во овој момент треба да го кажеме е тоа дека Конгрес СДСМ во овој момент нема закажано, најавени се избори кои ќе бидат во март месец.

Последни вести