Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево беше во посета на Тетово каде се сретна со претставници на Општинската организација на СДСМ и го следеше процесот на ажурирање на членството.
Заев се сретна и со нови млади членови кои се приклучија на СДСМ.
,,Драго ми е што на најпрогресивната партија и се приклучуваат млади. СДСМ е партија каде се слуша гласот на младите. Низ овие години заедно со СДММ покажавме што значи вистинска поддршка и грижа за младиот човек. Сериозно ја намаливме младинската невработеност и ги зголемивме средства што како грантови ги доделуваме за самовработување и отворање нови работни места. Нашите политики што ги градиме и спроведуваме се во насока на обезбедување подобри услови за живот на младите. Тоа е препознаено и од младите и затоа се приклучуваат на нашето големо социјалдемократско семејство. Последните податоци покажуваат дека над 50.000 членови го имаат ажурирано своето членство. Тоа ја покажува сплотеноста на СДСМ и желбата, заедно да се подобруваме” порача Заев.
На новите членови Заев им порача да бидат активни и да ја искористат приликата да им помогнат на граѓаните.
,,Бидете гласни, бидете активни, вклучете се во процесите и придонесете во креирањето на квалитетни младински политики.” посочи претседателот Заев.