fbpx

Законот за Јавно обвинителство е важен за зајакнување на правната држава и треба да биде донесен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

 

ПКостадинов за денеска се најавува средба помеѓу претставници од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ во однос на координирање на понатамошните активности за евентуална средба на работната група околу новиот Закон за јавното обвинителство, какви се

очекувањата, може ли во најскоро време да дојде до таков состанок на работна група, бидејки времето е кратко, условно кажано, за носење на овој Закон и дали сте оптимист дека овој Закон може да биде донесен пред самораспуштање на Собранието?

 

О: Секако дека треба да бидеме оптимисти имајќи предвид дека Европската Унија ни укажува на важноста за донесувањето на новиот Закон за јавното обвинителство, којшто во принцип, она што ние го говориме цело време е дека со новиот Закон за ЈО

практично ја воспоставуваме правната држава и помагаме да завладее правдата во нашата држава. Имавте вие прилика како медиуми, преку вас и целокупната јавност да види како ВМРО-ДПМНЕ како несериозна политичка партија правеше опструкција

на законот, се со крајна цел заштита на криминалот и криминалците во нивните редови. Еве сега, после обезбедување и после извесноста на предметите од Специјалното Јавно Обвинителство, односно преземањето на предметите во Републичкото

Обвинителство имаме можност да навистина сите ние во рамки на Парламентот покажеме и докажеме, пред нас самите пред се, а секако и пред граѓаните дека навистина се залагаме за воспоставувањето на правната држава и секако не помалку важно

дека се залагаме навистина, не само декларативно и со политички флоскули за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

 

Последни вести