fbpx

Една недела молк од Мицкоски за скандалот ,,Кражба” негова единствена агенда е да ги одбрани криминалците во својата партија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Изминува речиси една недела откако во јавноста проби скандалот „кражба“ каде со документи е потврдено дека Антонијо Милошоски бил осуден од суд во Германија.

Една недела скандал „кражба“ една недела молк од Христијан Мицкоски, шефот на Милошоски.

Милошоски нема образ да излезе пред граѓаните, а Мицкоски го штити, наместо да повика на морална одговорност.

Тоа е Мицкоски, поддржува пратеник кој бил осуден за кривични дела во Германија, за “кражба” и “фалсификување.

Поддржува ВМРО ДПМНЕ на Мицкоски човек против кого се водат предмети пред македонските судови.

Нема ниту “д” од доблест кај Мицкоски.

Павда и правичност за Мицкоски се непознати.

Од белиот дворец, од симболот на корупцијата и расипништвото, Мицкоски е се уште цврсто застанат на браникот на криминалот.

Неговата агедна е да ги одбрани криминалците во своите редови по секоја цена.

Затоа, Мицкоски шест пати е поразуван од граѓаните, затоа никој нема доверба во него.

 

Последни вести