fbpx

Со петтиот пакет економски мерки вреден 160 милиони евра, продолжува вистинската грижа за граѓаните, работниците и компаниите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Започнува реализацијата на петтиот пакет економски мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ, наменет за граѓаните, за подобрување на ликвидноста на стопанството, за стабилна и развојна македонска економија, кој треба да ги врати стапките на раст меѓу 4 и 5%, како во времето пред пандемијата.

Петтиот пакет мерки, донесен низ инклузивен пристап со сите засегнати страни, содржи 29 мерки, во вредност од 160 милиони евра.

Мерките се распределени во 4 главни столбови и тоа:

Директна финансиска поддршка за компаниите за да се задржат работните места во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани.

Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор преку бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници.

Креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки

И четвртиот столб предвидува директна поддршка за граѓаните.

Овие мерки ќе ја раздвижат економијата, но и ќе ги сочуваат работните места. За финансиска поддршка на плати за вработените се наменети 1 милијарда и деветстотини и дваесет милиони денари со опфат од околу 60.000 работници месечно.

Од почетокот на пандемијата владата предводена од СДСМ креираше и реализираше четири пакети навремени и таргетирани економски мерки, со кои 1,2 милијарди евра завршија кај граѓаните и кај компаниите, погодени со кризата.

Како одговорна партија СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните, за работниците, компаниите, за економијата.

Последни вести