Соопштение за јанвост
Во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на криминал и корупција имаат страв од правда и одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која штити осудени криминалци, а Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот. Токму тоа е причината што секојдневно шират лаги, конструкции и неосновани напади кон вицепремиерот Љупчо Николовски и останатите министри кои се борат против криминалот и корупцијата.
Залудни се таквите очајни обиди, со тоа нема да ги спасат од одговорност криминалците во белиот дворец, ниту ќе ја вратат државата назад во времето на режим, криминал и неказнивост.
Правда и одговорност за сите ќе има, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тоа не можат да го спречат.