fbpx

Правдата е тука, ќе ја има се повеќе, нов дебакл на потрчкото Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа подготвеност и капацитет за обезбедување на правдата за сите подеднакво.

Правдата е најголемиот дебакл на потрчкото Мицкоски и за негова жал, правдата ќе ја има се повеќе и почесто.

Мицкоски ги призна сите злодела на ВМРО-ДПМНЕ, тој по сопствено признание е единствен на браникот на криминалот и затоа е јасно зошто ја држи партијата во заложништво, само за да ги заштити Груевски, Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев.

Одговорност за обидот за бегство на Мијалков мора да има и ќе има, но ќе има одговорност и за сите бивши и сегашни функционери од ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред судовите.

Последни вести