fbpx

Мицкоски не успеа да го заштити криминалот на режимот, правдата е тука, законите важат за сите подеднакво

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Белиот дворец е во паника по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“, бидејќи Мицкоски не успеа да го спаси и заштити криминалот на режимот.

Правдата е тука, законите важат за сите подеднакво, Мицкоски е поразен и од правдата и од граѓаните.

Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа изминатите недели Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев и други високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ често биле во хотелот Мериот.

Граѓаните нека ценат зошто партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ се организираат токму во Мериот и дали тоа можеби е поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијалков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски е најповикан да одговори дали тогаш се среќавал и со Сашо Мијалков.

Но, правдата и силната реакција на институциите го спречија сценариото на Мицкоски, Груевски и Мијалков.

Последни вести