fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже, фактите не – со еврообврзницата со намалена каматна стапка се враќаат  долговите направени токму од ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Гордана Димитриеска Кочовска нема никаков кредибилитет да зборува за економија и одговорно работење, кога токму таа додека беше дополнителен заменик министер за финансии кочеше заем од Светска Банка за опремување на ковид центри и помош за најпогодените од коронакризата.

ВМРО-ДПМНЕ може да се обидува да ги лаже и манипулира граѓаните, но факт е дека последната еврообврзница има каматна стапка од 1,625%, а ќе се искористи за враќање на еврообврзницата, издадена во време на ВМРО-ДПМНЕ со каматна стапка од 3,975%.

Во 2014 година ВМРО – ДПМНЕ ја задолжи државата со еврообврзница од 500 милиони евра, за кои во овие 7 години, од парите на граѓаните, се платени камати во вкупен износ од 139,1 милиони евра.

Доколку се направи споредба со еврообврзницата од 2014 година, која беше издадена со стапка од речиси 4 %, по основ на камата ќе се заштедат 82,25 милиони евра.

Бројките не лажат.

Емитуваната еврообврзница е најевтина досега, со историски најниска каматна стапка од 1,625%, или неколкукратно пониска во однос на сите претходно издадени еврообврзници.

Ова е резултат на раст на довербата на меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзините перспективи.

Владата предводена од СДСМ води економска политика со која креира услови за стабилна и одржлива економија и за разлика од претходната режимска власт на ВМРО-ДПМНЕ, води сметка за секој денар на граѓаните.

Последни вести