Прес конференција, Ана Андова – пензионер и и поранешен пратеник во Собранието на РСМ од СДСМ
Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани пензионери,
Еден од клучните приоритети на оваа Влада предводена од СДСМ е враќање на парите назад кај граѓаните.
Уште една потврда дека сме на “ На Прав Пат“ е последната одлука предвидена со новиот предлог Буџет за 2020 година , а се однесува на највозрасната категорија на граѓани, пензионерите.
Почитувани пензионери,
Новиот предлог буџет за 2020 година, предвидува покачување на пензиите за 700 денари и заедно со веќе постоечкото усогласување со растот на трошоците за живот, пензиите ќе пораснат вкупно за 850 до 900 денари.
Од 1 Јануари 2020 година пензионерите, добиваат повисоки пензии до 900 денари, покачување кое доаѓа последователно по растотот на минималната и просечната плата.
Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз вистински се грижи за сите граѓани вклучително и пензионерите.
Мерките и политиките на СДСМ покажуваат и докажуваат дека сме на правиот пат!