fbpx

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите за изградба на нов Клинички центар и да застанат на страната на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Како никаде во светот, ВМРО-ДПМНЕ е можеби единствената политичка партија која отворено застанува против најкапитален проект во здравството.

Блокадите на изградбата на нов Клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ e пример за неодговорно, незрело дејствување кое е на директна штета на граѓаните и македонското јавно здравство.

Наместо да застане на страната на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е на страната на криминалот во сопствените редови.

Откако не успеаја да го одбранат криминалот, ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат своите фрустрации и внатрепартиски пресметки да ги прекршат врз граѓаните, овде во законодавниот дом.

Очигледно е дека единствената намера на ВМРО-ДПМНЕ е да спречат развој на македонското здравство, да блокираат се што е во интерес на граѓаните и државата.

Затоа и одбија формирање на посебна собраниска комисија која ќе ја води постапката за нов Клинички центар и која ќе биде водена токму од опозицијата во Собранието.

Почитувани,

Со овој проект, државата за првпат по цели 80 години ќе добие нов современ, модерен Клинички центар на предвидената локација во општина Ѓорче Петров.

Да се биде против овој проект, значи да се биде против интересите на граѓаните и на државата.

Затоа, ги повикуваме искрените и чесни, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и наместо за фотелјата во белата палата да работат за граѓаните, да издејствуваат кај своите колеги повлекување на 2.000 амандмани со кои се кочи овој важен проект.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да покажат дека ја научиле лекцијата од сите досегашни порази и да застанат зад интересите на граѓаните кои ги избрале.

СДСМ и парламентарното мнозинство ќе ги преземе сите неопходни чекори и политики за да се надминат овие апсурдни блокади.

Државата, здравствените работници, сите граѓани заслужуваат нов модерен Клинички центар.

 

Последни вести