fbpx

Мицкоски го брани Орце, големи се неговите хипотеки, да видиме дали може и повеќе за неговиот Камчев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски побрза да го одбрани Орце, големи се хипотеките негови кон Камчев.

Адвокат на Орце е Менкиновски, партиски функционер, човек на Мицкоски, претседател на партиската правна комисија, преговарач за Законот за ЈО….

За сите поддршки коишто Орце ги давал на ВМРО-ДПММНЕ ли Мицкоски му се оддолжува сега со дрвен адвокат?

Заев не го постави Менкиноски за претседател на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, за преговарач за ЈО. Не го праќаше Заев на партиски пресови да шири лажни вести туку Мицкоски.

Провиден и нервозен е Мицкоски, соочен со реалноста дека не му успеа да го одбрани криминалот на режимот.

Слабо Мицкоски, можеш ти и повеќе за твојот тајкун Камчев, сети се, токму ти се бореше да паднат предметите од Специјалното јавно обвинителство ама не успеа.

Последни вести