fbpx

СДСМ рамномерно го унапредува земјоделството, објавен оглас за грант од 3000 евра за жени земјоделки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Снежана Механџиска – Координаторка на Форум на жени на ОО СДСМ Берово

 

Почитувани сограѓани,

Власта предводена од СДСМ продолжува со постојано унапредување на земјоделството, подобрување на условите за земјоделците и намалување на нивните трошоци се’ со цел повеќе пари да завршуваат кај секој земјоделец.

Со цел да се обезбеди и зајакне позицијата на жената во семејното земјоделство, агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој објави оглас на кој жените –земјоделки, до 26 декември, може да се пријават за грант неповратни средства, во висина од 3000 евра.

Во тек е јавниот повик за поднесување на барања за мерката 115 “Активен женски член во земјоделското домаќинство” од програмата за рурален развој.

Затоа СДСМ ги мотивира, ги охрабрува и им помага на жените од руралните средини да бидат самостојни и да отпочнат свој бизнис ,а исто така и очекува голем интерес за оваа мерка на владата. Инвестирањето во жените земјоделки е инвестирање во еднакви можности за сите во државата. Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ.

Со овие средства може да се набави опрема за постбербени активности за овошје и зеленчук, житарици и мелнички производи, растители и животински масла, шира и сок од грозје, вино, оцет, маџун, месо и месни производи, млеко и млечни производи, опрема за прием, собирање и чување, сортирање, чистење, миење, сушење, калибрирање на земјоделски производи. Прифатлива инвестиција е и набавка на опрема за ладење и замрзнување, за сечење, конзервирање, сушење, етикетирање на производи. Со помош на средствата од оваа мерка може да се набавува и опрема за манипулација, утовар и истовар, ладилници, палети, опрема за мерење и квалитет и др.

Преку мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, се промовира и директна продажба или продажба од праг.

.Градиме силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај земјоделците.

Почитувани,мерките кои ги превзема оваа влада се шампионски,а развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет на СДСМ. Преку силна поддршка за жените земјоделци и преку мерката 115″Активен женски член во земјоделското домаќинство” уште повеќе се потенцира родовата еднаквост и зајакнување на жените, а сето тоа е поддржано и од UN Women, Организацијата на Обединетите нации за родова еднаквост и унапредување на жената.

Силната поддршка значи дека сме на ПРАВ ПАТ. Така и продолжуваме

Последни вести