fbpx

Заев: Овозможивме услови судството независно да работи, важно е судските процеси да завршуваат со пресуди базирани на докази

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Постоеја сериозни сомневања дека за 11 години режим биле украдени милиони евра народни пари, украдени од граѓаните. Со тие средства сериозно може да му се наштети на системот. Не е лесно да создадете услови да се дочекаат пресуди на судски предмети. Но денеска не верувам дека на некој ќе му падне на памет незаконски да прислушува разговори затоа што казната за тоа е 12 години затвор, посочи претседателот Зоран Заев во одговор на новинарски прашања кои се однесуваат на актуелни судски случаи.

Секако, дополни претседателот Заев, дека овој процес не е конечно завршен, но дека е важно што судските случаи да добиваат разрешница преку соодветни постапки и базирани на докази.

„За мене, како претседател на најголемата политичка партија и претседател на извршната власт, важно е судските процеси да завршат со пресуди коишто значат констатирање на доказните постапки и законите. Ако нема докази, никој не е виновен, ако има докази, тогаш секој да одговора согласно законите. Драго ми е што можам да кажам дека денеска извршната власт овозможила услови судството независно да работи. Но истовремено, овозможивме одговорност, отчетност и транспарентност. Многу често знаеме да се повлечеме чекор или два назад, го слушаме гласот на граѓанире. Не треба ништо да не одврати од слободата, од демократијата, отчетноста и транспарентноста тие се најголемите гаранти за враќање на правдата, но и за отчетноста и ефикасноста во работата на сите институции“ порача Заев.

Претседателот Заев посочи дека во целиот процес важна улога имаат и медиумите кои преку својата работа даваат придонес во зголемување на ефикасноста како на судството, така и на сите државни институции.

„Денес, преку медиумите, целиот народ е будното око на правдата и веројатно тоа овозможи транспарентни судски постапки кои сите можат да ги следат. И затоа медиумите даваат сериозен придонес во градење на ефикасна правна држава. Денес е слобода, денес нема купени медиуми, нема заплашени новинари. Да си ја чуваме слободата, слободата е таа која е гарант на сите важни општествени процеси“ заклучи претседателот Заев

Последни вести