fbpx

Нема да дозволиме никој да побегне од одговорност без разлика од која партија доаѓа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

 

 

П:Барањето за автентично толкување ќе заврши во Законодавно-правната комисија, каде со оставката на еден член, сега односот е 6:6 па дали поднесувањето за автентично толкување и евентуалното одолговлекување во Комисијата ќе влијае да се одложат изборите?

Кога зборуваме за заобиколување на правдата и работење против правната држава од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кога зборуваме за обиди на амнестија за криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ мислиме токму на тоа, ова е шанса и не ги повикувам само пратениците на СДСМ и коалицијата, ги повикувам и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да навистина покажеме дека сме за правда, настрана што ги злоупотребуваа соодносите во рамките на комисиите, еве сега да покажеме заедништво, да покажеме сила, граѓаните бараат правда и правичност, граѓаните се незадоволни. Кога зборуваме дека го тргнавме груевизмот од извршната власт, од локалната власт, а заради структурите инсталирани директно од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во правосудството коешто всушност треба да биде независно, мислам токму на тоа. Еве шанса овде во Собранието да навистина го одработиме она за што сме гласани и за она што постоиме како институција пратеник и институција Собрание. Да покажеме дека сме на страната на правдата и дека правда мора да има. Одговорност мора да има, без разлика кој од која пратија доаѓа или било каква друга определба на сите нас како пратеници.

П:Зошто оваа иницијатива сега с еподнесува, по одлуката на Уставен а не се поднесе претходно имајќи предвиде дека таа нејаснотија во членот 11 постои години наназад?

Во нашата држава и сите развиени демократии точно се знае кој ги носи законите и кој ги носи нормите. Што значи законодавна власт? Што значи сила на пратениците? Зошто овде ние дебатираме? Ние овде во законодавниот дом носиме закони. Уставниот суд не може никој да претпостави дека може да оживее норма, која практично е мртва, но и тоа се случи. Токму поради тоа ние повикуваме и Антикорупциска Комисија да поведе веднаш постапки против сите судии и обвинители без исклучоци, за потеклото на имотот, затоа што веруваме дека постојат внатре инсталации коишто на секаков начин се обидуваат да ја заобиколат правдата исклучиво за интересите и целите на ВМРО-ДПМНЕ. Токму од таа причина, кој би претпоставил дека Уставниот суд може да се обиде да ја земе улогата на Собранието, да оживее мртва норма, која не постои. Ние навистина верувавме дека и во правосудството постојат професионалци, но за жал надвладуваат, силите и инсталациите, кои на секаков можен начин се обидуваат, да го амнестираат Груевски и неговите соработници, како и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Уште еднаш ќе им порачаме, нема да успеат. Ќе направиме се, за се што се залагаме, за демократија, не само декларативно, туку вистински и суштински, со тие алатки нема да дозволиме никој да одбегне од одговорност во оваа држава, без разлика од која партија доаѓа.

П: Одложување на изборите?

Изборите се договорени на лидерската средба за 12 април и од тој договор нема поместувања.

П: Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Јанушев порача Груевски да се врати да ја одлежи казната, ваш став?

Ништо не би ме изненадило, знам дека вчера генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев го повика Груевски да се врати, да денес Уставниот суд ја отвора иницијативата за аболицијата од Ѓорге Иванов за случаите поврзани со СЈО. Еве уште еден апел до Уставниот суд во име на транспарентноста и во име на правдата, нека се изјаснат да знаеме кој е тој што ја поднел иницијативата. За жал, јас сметам дека има поврзаност.

 

Последни вести