Одговор на новинарско прашање, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ
Прашање: ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира предлогот за експертска влада. И премиерот Заев бараше посебен тип на влада, широка коалиција, за да има национално обединување и реформи, дури ја отвори и можноста дека тој би се тргнал од премиерската позиција ако тоа е во интерес на создавање на ваква влада. Дали СДСМ е подготвена да седне на преговарачка маса за експертска влада?
Одговор: Прво што граѓаните заслужуваат одговор е од ВМРО-ДПМНЕ за овие скандали кој се поврзуваат со нивната партија затоа што тоа се сериозни скандали поврзани со нивното финансиско работење.
Темата околу експертска Влада граѓаните ја затворија на изборите. Сите добро се сеќаваме дека пред неполна година имаше предвремени парламентарни избори кој беа спроведени од техничка Влада во која ВМРО-ДПМНЕ имаше свои министри , дополнителни заменици министри и кој се согласија со изборните резултати и денес затоа и впрочем имаме политичка Влада на којашто да напоменам дека и беше изгласана и доверба неодамна.
Граѓаните го дадоа својот глас, но претседателот Зоран Заев даде една идеја а тоа е неговата визија за тоа како да настапи национално помирување во нашата држава и таа идеја е упатена пред се до чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ а после овие скандали на сите ни е јасно дека Мицкоски не спаѓа во нив. И токму затоа мислиме дека Мицкоски не е адресата до кого е упатена оваа идеја за национално помирување.
Сметаме дека Мицкоски како губитник на многубројни изборни циклуси досега нема ниту капацитет а ниту кредибилитет да учествува во реализацијата на оваа идеја.