fbpx

Зеќири за „Утрински брифинг“: СДСМ постави нови стандарди на македонската политичка сцена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ постави нови стандарди на нашата политичка сцена, ние сме единствената и прва политичка партија која лидерот го избира на непосредни избори, односно членството да го избере лидерот, а не како што беше досега и како што е во останатите политички партии делегатите да го направат тоа, истакна потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири во емисијата „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека СДСМ и Зоран Заев поставија демократски стандарди, кои ќе останат во наследство и следниот пат претседател ќе се избира на овој начин.

Успешно ја сработивме целата работа со ажурирањето на членството, истакна Зеќири додавајќи дека секако овој процес не завршува тука со ажурирањето, од сега па натака ќе продолжи кој и да сака да се зачленува ќе влезе во базата на податоци и ќе има можност да си го ажурира своето членство во СДСМ.

СДСМ е единствена партија, која има ограноци во сите општини, како мултиетничка партија и во секоја мултиетничка општина, а членови има од апсолутно сите етнички заедници, нагласи Зеќири.

Тој нагласи дека е време сите да работиме за сите граѓани, а не да се затвораме во сопствената етничка заедница, зашто тоа нема да не доведе никаде, туку само во нови поделби и расправии.

Нашиот постулат останува и наша и главна прва заложба е „Едно општество за сите“ затоа што тоа е иднината, Северна Македонија е мултиетничка држава и нашата партија докажа од 2016-та па навака дека тоа е најдобриот начин сите заедно да се бориме за една заложба за подобра земја, за подобри услови за живот за сите граѓани, порача потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири во емисијата „Утрински брифинг“.

Последни вести