fbpx

Кузеска на „Само вистина“: Претседателот на СДСМ Заев, вчера направи се за да го инволвира Мицкоски во важните процеси за државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Доколку се следат досегашните политики на СДСМ цело време, а особено во време на пандемија, ние се стремиме кон дијалог, кон процеси што ќе течат без прекин, без кочници, без опструкции во Собранието, нагласи портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таа истакна дека вчерашниот договор може да се оцени како добар и успешен, но во наредниот период ќе треба да се внимава и да се исполнат сите точки кои беа договорени на средбата.

„Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера направи се за да го инволвира Христијан Мицкоски во важните процеси во државата, да се ослободи од стегите на режимската матрица и да почне да соработува како опозиција, рече Кузеска, додавајќи дека посебно во ек на пандемија, одговорноста и очекувањата на граѓаните од власта се големи, и треба да бидат такви, но и опозицијата има одговорност, и кога граѓаните гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ не се однесува како одговорна и конструктивна опозиција ги казнуваат на избори.

Во врска со пописот, Кузеска порача дека целта е да се одржи пописот, потребна е реална слика да се скенира државата со тоа што го има, да се соберат што повеќе податоци, за потоа да се креираат мудри, паметни политики, да се креира буџетот согласно сликата што ќе се добие од пописот, а тоа нема да се постигне ако и мал број од граѓаните го бојкотираат, а ВМРО-ДПМНЕ го сакаше токму тоа.

„Опозицијата зборува за некаков триумф, но ова е триумф на граѓаните. Вчера се покажа контрастот на едно друго време, кога се газеше опозицијата и беше незамислив дијалог меѓу власта и опозицијата, а сега дијалогот е со опозицијата и дијалогот меѓу партиите е секако демократски стандард на земја членка на НАТО и земја членка која што се стреми кон полноправно членство на ЕУ, порача портпаролката на СДСМ Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Последни вести