Прес конференција, Стефан Вучковски, портпарол на ОО СДСМ Негитино
Почитувани сиграѓани, во општина Неготино продолжуваат градежните активности кои имаат за цел подобрување на животот на нашите сограѓани. Во овој момент во тек се активности за изградба на нов крак на фекална канализација во населено место Тремник.
Со изградбата на овој крак на фекална канализација се обезбедува сите објекти кои се во непосредна близина на влезот на село Тремник, односно околу спортското игралиште да бидат приклучени на фекалната канализација.
Сретствата за изведба на овие активности се обезбедени од буџетот на општина Неготино за 2019 година.
Важно да се напомени дека овие активности се претходни активности пред изведбата на асвалитирање на еден километар од влезот на село Тремник, средства кои се обезбедени од Агенцијата за рурален развој. Асвалтирањето на улицата следи во периодот којшто претстои, односно веднаш по завршувањето на активностите околу изградбата на фекалната канализација.
Ова е предизборно ветување на СДСМ и градоначалникот Делков, а деновиве сме сведоци на реализацијата.
СДСМ и локалната власт во Неготино се на прав пат, и ќе продолжат во иднина да и подобруваат условите за живот на своите сограѓани.