Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е тотално загубена од секојдневното ширење лажни вести и конструкции кои немаат врска со реалноста.
Врв на загубеност, врв на лицемерие е Антонијо Милошоски човек осуден во Германија за сторени криминални дела „фалсификат“ и „кражба“ денеска да шири лажни вести поврзани со процесот на поништување на двојни матични броеви.
Откако не им успеа обидот за саботажа на полициската акција „Двојник“, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во јавноста пласираат информации поврзани со друг процес кој е во тек во Министерството за внатрешни работи.
Во МВР веќе подолг период трае постапката за поништување на двојните матични броеви, кои се јавиле како последица на грешки и технички пропусти при определувањето и запишувањето на матичните броеви.
А бројот на овие спорни податоци е многу помал од 20.000 со кои манипулира ВМРО-ДПМНЕ.
Со обидите за саботирање и опструирање на истрагите што ги водат институциите, ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните и нанесува штета на државата.
Помина времето на заробената држава, на ВМРО-МВРО, кога ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ издаваше лични карти и пасоши, на лица од други градови со адреси во општина Центар во обид да ја фалсификува волјата на граѓаните на локалните избори во 2013 година.
Наводните скандали, што ги конструираат Мицкоски и Милошоски и континуираното дејствување против интересите на граѓаните и на државата го водат ВМРО-ДПМНЕ право во пораз на локалните избори наесен, кој ќе им биде седми пораз по ред. Ниту едно алиби нема да ги спаси од тоа.