Изјава за медиуми, Весна Спирковска, член на комисија за здравство на ОО СДСМ Битола
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Институциите, Министерството за здравство продолжуваат со силната посветеност и ангажираност во борба против коронавирусот
Во нашата држава во тек е масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани 35.000 граѓани, пријавени за вакцинација се скоро 160.000 граѓани.
Истовремено, дури и кога е во тек масовната имунизација, ВМРО-ДПМНЕ како и цела претходна година не се откажува од деструктивните политики.
Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски од првиот ден на пандемијата па до денес работи да го поткопа здравствениот систем
Мицкоски ширеше вознемиреност во јавноста дека немало доволно тестови, дека немало доволно заштитна опрема за медицинските лица, дека над 140.000 граѓани останале без работа заради коронакризата.
ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток на пандемијата започна со манипулации и ширење на лажни вести. Ги поттикнуваа граѓаните да ги прекршуваат мерките затоа што нивниот министер Наќе Чулев јавно кажа дека полицијата нема да казнува.
Организираа морбидни перформанси пред Министерството за здравство и им се потсмеваа на семејствата на починати и заболени од коронавирусот.
Тоа е пристапот на ВМРО-ДПМНЕ за цело време од оваа пандемија.
Претходно, како власт 11 години ги манипулираа и злоупотребуваа лекарите, го урнисаа здравствениот систем преку паралелниот увоз на лекови и сомнителни тендери за нечие богатење.
За разлика од нив, Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за здравствениот систем и за јавното здравје.
Во континуитет се покачуваат платите во јавното здравство за лекарите, за медицинскиот кадар и за администрацијата. Се зголеми бодо за капитација на матичните лекари, стоматолози и гинеколози, се зголеми бројот на специјализации.
Се инвестира во реконструкција и проширување на здравствени домови, поликлиники и болници, се изградија нови ургентни центри и нови крила на болници во неколку општини.
Во текот на овој месец ќе се иплатат бонуси во висина од 5 отсто од платите на сите здравствените работници вклучени во борбата против КОВИД 19. Средствата за оваа исплата се обезбдени од заемот од Светска Банка кој токму ВМРО-ДПМНЕ го кочеше преку заменичата министерка во преодната Влада.
Граѓаните и здравствените работници ја гледаат оваа разлика и затоа не им веруваат на лажните вести од белиот дворец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шест пати се казнувани на избори, затоа одново ќе бидат поразени.