Прес конференција, Татјана Лалчевска
Почитувани сограѓани,
Со одговорно и транспарентно работење, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за само две ипол години владеење го стави граѓанинот на прво место.
Стоиме на дадениот збор, во изминатиов период спроведовме низа мерки и политики кои обезбедуваат зголемување на животниот стандард и намалени трошоци за граѓаните.
Денес, имаме пораст на просечната плата. Минималната плата е зголемена на историски највисоки 14 500 денари.
Ја зголемивме социјалната помош за 300 проценти и воведовме социјална државна пензија. За три пати е зголемен и опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток.
Со новите измени на законот за стечај обештетувaмe 12 илјади стечајци.
Бележиме пораст на платите. Со субвенции го стимулираме порастот на платите за работниците во приватниот сектор.
Исплативме 307 милиони евра на земјоделците за субвенции.
Паралелно на ова ја укинавме радиодифузната такса, воведовме евтина дневна тарифа на струјата.
Со мерката “Мој ДДВ” овозможивме повеќе пари назад кај граѓаните.
Вложуваме во инфраструктурата. Градиме патишта, градиме детски градинки.
Ги јакнеме капацитетите на здравствениот систем и овозможуваме поквалитетно здравство за граѓаните.
Пред само две ипол години имавме целосно заробена држава, а денес размислуваме како да го прославиме влезот во НАТО!
Изградивме концепт на едно општество за сите. Општество на еднакви права и можности за сите граѓани.
Граѓаните добро се сеќаваат дека ВМРО ДПМНЕ беше против овие мерки поставувајќи нелогични прашања и параметри.
Во недостиг на идеја, без визија и конкретна програма нудат некаква си обнова.
За каква обнова зборува Христијан Мицковски.
За обнова на режим? За поделба на народот? За обнова со гипс картони и жални врби? За обнова на криминал и странски сметки?
За диктатура?
За немање право на глас!
Токму поради тоа, граѓаните на 12-ти април ќе гласаат за напредок, за развој и за интеграција.
На 12-ти април граѓаните уште еднаш ќе потврдат дека ДРЖАВАТА Е НА ПРАВ ПАТ!