fbpx

Граѓаните на Битола се против режимот и насилството на ВМРО-ДПМНЕ, затоа постојано го поразуваат Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Невена Димовска, портпарол на СДСМ Битола

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денеска пратениците од Битола, наместо зад правдата и зад граѓаните, застанаа зад лица осудени за тероризам. Денеска пратениците Силвана Ангелевска и Олга Лазаревска, заедно со нивниот шеф Христијан Мицкоски ги испорачуваат нарачаките кои стигнаа од Будмипешта – да бранат криминал и криминалци.

Кога треба да се носат законите важни за граѓаните Ангелевска и Лозановска блокираат, кочат, го напуштаат Собранието, но први се кога треба да се брани криминал и насилство.

Тоа е се што граѓаните од Битола гледаат од ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници.

Почитувани,

Денешниот собир на ВМРО-ДПМНЕ претставува уште еден доказ и за начинот на кој опозициската партија се однесува во справувањето со коронакризата.

Еден ден бараат оставки од надлежните, друг ден се групираат кршејќи ги сите протоколи за заштита. Бараат фонд за поддршка за граѓани заболени од Ковид во Битола, а групирајќи се без маски го загрозуваат здравјето на секој од нас.

Ја напаѓаа пратеничката од Битола, Бисера Костадиновска -Стојчевска, што отиде во Собрание да гласа за над 60.000 граѓани да ја добијат финансиската помош што со месеци ја очекуваат, а само седум дена подоцна сите нивни аргументи паѓаат во вода.

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека води политика од денес за утре. Она што вчера го напаѓаше, денес го брани. Ниту има цел каде сака да се движи државата ниту знае како да придонесе за тоа.

Затоа граѓаните ги поразуваат и затоа Битола одамна им кажа не, на насилниците и инсталациите на Груевски се поразени. Ќе бидат поразени и на изборите наесен.

Последни вести